Фудбал

СОН ОДИ КАЈ ЛУТИОТ РИВАЛ ОД ПРЕМИЕРЛИГАТА

Една од двете најголеми ѕвезди на Тотенхем е на излезна врата од лондонскиот клуб и најверојатно сака да се приклучи на четата на лутиот ривал од истата лига, кој носи црвена боја. Овие вести доаѓаат од Германија, од престижниот медиум Спорт1 кој е убеден дека Сон е решен да го смени дресот.

Ливерпул е најзагреан да го види во своите редови, играчот кој има 136 гола на 341 настап за Тотенхем каде игра од 2015-та година, а минатата сезона ја подели златната копачка со Салах. За неговиот потпис, заинтересирани се уште два големи клуба – шпанскиот Реал Мадрид и францускиот ПСЖ.

Време ли е за промени во кариерата? Ќе му донесе ли конечно, еден ваков чекор, пехар? Може ли да игра заедно со египетскиот напаѓач? Ова се неколку прашања кои 30-годишниот репрезентативец на Јужна Кореа треба да си ги постави, пред да реши каде ќе ја продолжи фудбалската одисеја.