Фудбал

ЖОАО ФЕЛИКС ЗАМИНУВА ЗА ЧЕЛСИ

Атлетико Мадрид најверојатно не може да го издржи налетот на премиерлигашкиот гигант, кој е сериозно заинтересиран за еден од фудбалерите на душекџиите и реши да го пушти својот бисер да замине во најквалитетната европска фудбалска лига.

Првичниот договор е португалскиот фудбалер Жоао Феликс, кој беше купен од Бенфика во 2019-та година да замине како позајнем играч во англиската престолнина Лондон, со опција Челси да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Иако играше одлично во редовите на шпанскиот тим, поливалентниот офанзивен играч последните месеци не се снаоѓа најдобро и е вон формата која сме научени да ја гледаме од него. Ќе го најде ли своето второ јас, во редовите на сините?