Фудбал

ПИСМОТО НА БАЛАШЕВИЌ ДО СИНИША МИХАЈЛОВИЌ

Дека Синиша Михајловиќ беше обожаван на овие простори, но и секаде низ фудбалскиот свет говорат многу пораки на социјалните медиуми, а една објавенa од Оливера Балашевиќ веројатно ќе остане засекогаш во нашите сеќавања.

Сопругата на починатата ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ објави порака која неговиот сопруг му ја пратил на Синиша Михајловиќ на 19 декември пред 3 години откако дознал дека поранешниот српски фудбалер боледува од леукемија.

Што да ти кажам сине? Ме изненади само еднаш во животот на оној турнир во Бачка Паланка, кога мене и Мане Радиновиќ со еден „лажњак“ не прати во Илок. Од тогаш знаев со кој си имам работа. Сите овие години од тогаш само ја зголеми гордоста кај мене што се познаваме. Не ти пратив порака кога дознав за „твојата“ болест, бидејќи тоа не може да биде „твоја“ болест. Знам дека за брзо ќе и дадеш до знаење дека е само болест. А твое е нешто друго, твое е твоео семејство, љубовта која те водеше низ животот. Со нетрпение ја очекувам пролетта за повторно да те видам со бушавата коса, која јас веќе одамна ја немам и не ми расне, но ти ме знаеш. Биди ми добар и мирен секој ден и ти благодарам што се сети на оној дебелиот од Паланка, не Вори, туку тој што го шутираше последниот пенал. Тогаш можеби изгуби, но од тогаш ниту еднаш како што се сеќавам јас. И нема да изгубиш, не се грижи за тоа. Одиме понатаму румен дечко. Ова лошо се смета само како „заостанато време“, ништо повеќе.

Михајловиќ од тогаш два пати ја совлада леукемијата, но за жал, во третиот обид не успеа.