Фудбал

ХРВАТСКА ИЛИ БРАЗИЛ, ХОЛАНДИЈА ИЛИ АРГЕНТИНА?

Коцкастите или кариоките, лалињата или гаучосите? Втор пат на светското првенство ќе одат на мегдан по кој нема поправен испит, кој ќе излезе како победник од првите 1/4 финални соочувања?

Хрватите ја елиминираа Јапонија на пенали, Бразилците немаа проблеми со Јужна Кореа. Холанѓаните ја скротија селекцијата на САД, Аргентина рутински помина против Австралија.

Ќе преовладува европската школа или јужноамериканскиот шмек? Можно е полуфинално соочување кое ќе понуди фудбалски земјотрес кој би дожол од јужноамериканскиот континент, но треба прво да се поминат „технички совршените“ пречки.

Кој ќе игра во полуфиналето на 22-то СП?