Фудбал

ЛИВАКОВИЌ ДА ДОБИЕ ПЛОШТАД УШТЕ ВЕЧЕРВА

Доминик Ливаковиќ одбрани три пенали, од четири колку што изведоа Јапонците во 1/8 финалето против Хрватска. Во отсуство на енергија и креација во играта на коцкастите, на сцена стапи машкоста на последниот столб, т.е. ѕид пред мрежата на Хрватска.

Има 27 години, брани за Динамо Загреб. Тој е едно од откровенијата за Златко Далиќ, селекторот кој не се исплаши да направи смена на генерациите и кој докажа дека неговата репрезентација знае да игра и на пенали, ако се потсетиме на Русија.

Доминик Ливаковиќ нема уште долго да остане меѓу БББ, но сигурно уште долго ќе стои меѓу стативите на голот на хрватската репрезентација. Хрватите ќе се соочат во 1/4 финалето со подобриот од мечот меѓу Бразил и Јужна Кореа.