ОПА, ОИДЕ И ФЕРНАНДЕС
Објавено на: 03.12.2022
Најава за одрон во ростерот на Манчестер Јунајтед, по заминувањео на Роналдо. Може ли тимот од Олд Трафорд да остане без уште една ѕвезда? Дали односот на тренерот кон еден од најдобрите, односно кон светскиот ас, ќе одигра клучна улога?
Ако можеше Ерик Тен Хаг да се изживува врз Кристијано Роналдо, тогаш ќе може да го прави тоа врз секого. Тоа е пораката која управата на една од двете најтрофејни англиски екипи ја упати кон играчите, застанувајќи зад холандскиот стратег.

Потезите на Роналдо не се за оправдување, но не се ниту потезите на организацијата Манчестер Јунајед, чии американски челници го продаваат клубот и не ги инересира што се случува во соблекувалната, од која во јануарскиот преоден рок може да си замине и плејмејкерот Бруно Фернандес.

Најзагреан клуб за неговиот потпис е Реал Мадрид, а кога Кралскиот клуб е заинтересиран за нешто, тогаш најчесто тоа и го остварува. Ова го најавуваат реномирани медиуми, кои исто така ретко грешат. Како ли ќе заврши сапуницата во англискиот град на фудбалот?