Фудбал

ДАЛИ АРБИТРИТЕ ПРЕТЕРУВААТ СО ДОПОЛНУВАЊАТА НА ВРЕМЕТО?

Мечевите на СП во Катар траат во просек по 100 минути, би кажале на шега досетковците. Кога има судиско надополнување на времето за игра на крајот на натпреварот, тоа не е пократко од 4 минути. Инструкциите на ФИФА се да се „штопа“ секој момент на одолговлекување на натпреварот.

Ако светската куќа на фудбалот пројави идеја и желба за кратење на натпреварите од 90 минути на помалку, тогаш како ќе го промовира тоа ако се играат „продолженија“ по 14 минути? Дали арбитрите претеруваат на овој шампионат, со додавањето на дополнителното време?

Тоа особено беше евидентно на мечот меѓу Аргентина и Саудиска Арабија, кога поведоа гаучосите, но Саудијците изедначија и поведоа за на крајот да победат со спектакуларна фудбалска претстава, која влегува во аналите на светските првенства.

Ало, Катар, може ли тоа малку пократко, ќе ве молиме?