Фудбал

СТАВОТ НА ПИКСИ ЗА МИТРОВИЌ ОДЕКНУВА НИЗ СВЕТОТ

Селекторот на српската фудбалска репрезентација се соочува со потенцијални повреди на двајцата најистакнати првотимци, кои треба да царуваат во нападот и да ја понесат српската репрезентација до височините кои ги очекува нацијата кај нашиот северен сосед – Митровиќ и Влаховиќ.

По низата одлични резултати, апетитите на српската јавност се големи. Србите очекуваат да ја поминат групата во која сериозни ривали ќе им бидат репрезентациите на петкратниот шампион Бразил и секогаш непријатната Швајцарија, но се оди и дотаму што се гледа кон полуфиналето на 22-то СП.

Патот ќе биде трновит, а за состојбата на Митровиќ, селекторот кажа:

Митровиќ ќе игра на светското макар и без нозе. Може и главата да му ја отсечеме, тој ќе оди на светско. Со неговиот однос кон државниот дрес, го заслужи тоа. Бараше да игра и кога беше повреден, во ситуации во кои многумина не би ни помислиле да играат.

Јас тоа го ценам и тој ќе оди на светското првенство. Може и да бидеме први во историјата кои имаат играч што ќе игра со една нога, зошто да не. – реше низ насмевка, Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на српската репрезантација.

Драган Стојковиќ Пикси е преродбеникот на српскиот фудбал. Квалитетот и физичката подготвеност никогаш не им недостасувале на Србите, но психолошки и организациски секогаш биле слаби, односно под очекувањата. Дали сега дојде нивното време?