Фудбал

ЌЕ ЕКСПЛОДИРА ЛИ РАЗМЕНАТА ВО МАНЧЕСТЕР – МБАПЕ ГО МЕНУВА РОНАЛДО?

Трансферот на францускиот репрезентативец во Реал Мадрид пропадна и Кралскиот клуб најверојатно ја затвори вратата за Килијан Мбапе, кој секако нема д аостане на улица ако реши да си замине од ПСЖ.

Како можна дестинација се споменува екипата на Манчестер Јунајтед.

Скај Спортс објави информација дека клубот од Олд Трафорд е спремен да плати трансфер во висина од +150 милиони фунти, а секако и да ја покрие огромната плата што би ја барал напаѓачот.

За верување ли е оваа шпекулација на англискиот медиум?