ЛОРИС НЕМА ДА НОСИ КАПИТЕНСКА ЛГБТ ЛЕНТА
Објавено на: 15.11.2022
Капитенот на француската репрезентација изјави дека нема да ја носи лентата со боите на ЛГБТ заедницата, како поддршка во борбата за човековите права и против дискриминацијата, кои оваа група на луѓе ја промовира низ светот, а Катар не дозволува такво нешто.
Во Франција, кога пречекуваме гости, очекуваме тие да се адаптираат на нашите обичаи. Истото тоа, треба да го сториме и во Катар. Мора да покажеме почит за домаќинот. – изјави голманот на Тотенхем, Хуго Лорис.
Во Франција, борбата за правата на ЛГБТ заедницата се уште трае, велат информациите од оваа европска земја. Таа борба може да биде сериозен психолошки, емотивен и социјален предизвик, велат припадниците на оваа група луѓе.

Треба, или не треба да ја носи лентата со ЛГБТ боите, Хуго Лорис?