ШАРАС И СЕ ЗАКАНИ НА ЕВРОЛИГА!!!
Објавено на: 31.05.2021
Литванскиот стратег (кој своевремено го носеше дресот на Барселона) на клупата на каталонската гордост, беше незадоволен од судењето по поразот (81:86) во финалето со Анадолу Ефес. Тој им порача на челниците на Евролига:
Веќе не може вака, не сакав повторно да влегувам во неволји, но не сум среќен поради некои нешта. Едно е сигурно, Евролига ќе не чуе! Веќе бев казнет сезонава затоа што барав повеќе да се почитува Кори Хигинс, исто како и некои играчи на другата страна. Не се грижам дали повторно ќе ме казнат, но како што реков, Евролига ќе не чуе!
Можеби Шарунас Јасикевичиус алудира на тоа дека главен спонзор на Евролига е Туркиш Ерлајнс, турската авио компанија. Сепак, ако е тоа целта, како минатата сезона турскиот претставник беше поразен во финалето од ЦСКА?