Фудбал

ШКОТСКИ ТИМ МОРА ДА ОДИГРА ДВА МЕЧА ВО ИСТ ДЕН, ВО ИСТ ТЕРМИН, НО ВО ДВЕ РАЗЛИЧНИ НАТПРЕВАРУВАЊА

Во бизарна ситуација се најде шкотскиот петтолигаш Џонстон Бург, откако мора да одигра два натпревари во исто време, во две различни натпреварувања. Распоредот и системот покажале дека на 21 ноември, екипата на Џонстон Бург има гостување кај Тејпорт во рамките на Шкотскиот куп на заедниците, меч кој треба да започе во 14:30 часот. Но, тој дуел не е единствен на програмата за Џонстон Бург, затоа што само половина час подоцна, односно во 15 часот има закажано пресметка и со тимот на Данипејс во рамките на Лоуленд лига купот.

Челниците на клубот се обидувале да најдат начин, не успеале да постигне договор со противниците, ниту со фудбалските сојузи за промена на термините, па едниот дел од екипата ќе гостува кај Тејпорт, а другиот дел од тимот ќе игра против Данипејс.

Од Џонстон Бург објаснуваат дека дури понудиле натпреварите да се одиграат еден по друг, притоа да ги покријат трошоците или да се откаже од дел од приходите од влезниците, но до договор не дошло.

Интересно е дека ова не е прв ваков случај во шкотскиот фудбал сезонава, затоа што и шестолигашот Арбадејл мораше да одигра два натпревари во ист ден.