Фудбал

ГАТУЗО ЗА БОЈКОТОТ НА НАВИВАЧИТЕ: СЕ ЧУВСТВУВАВ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КОВИД!

Тренерот  Џенаро Гатузо е горд на својот Лацио по ремито 2-2 со Милан, го радува што гледа како тимот не се предава, но празните трибини на „Олимпико“ го правеле да се чувствува како во периодот на Ковид, бидејќи навивачите на Лацио протестираат против сопственикот Клаудио Лотито и ги бојкотираат натпреварите.

Имаше повеќе навивачи на Милан на трибините и Лацио како да играше на гости.

Стадион без навивачи за мене не е фудбал. Не е лесно да се игра тука кога е полно, вака се чувствував како во периодот на Ковид со капацитет од 20-30 проценти. Ептен ни недостигаат навивачите. Играјќи тука со 50.000 гледачи кои нè поттикнуваат е сосема подруго, многу ни недостигаат, коментираше Гатузо.