БАРСЕЛОНА МУ НУДИ НОВ ДОГОВОР И ПОГОЛЕМА ПЛАТА НА РАФИЊА
Објавено на: 12.09.2026
Барселона започна преговори со својот капитен Рафиња и му понуди подобри услови за нов договор.
Откако Бразилецот блескаво ја започна новата сезона на позицијата напаѓач, спортскиот директор Деко, во договор со тренерот Ханси Флик, одлучил да му понуди нов договор на Рафиња.
Рафиња во мај 2025 година веќе го продолжи договорот со Барселона, со подобрени финансиски услови, до јуни 2028 година. Сега, сепак, би можел повторно да добие зголемување на платата и договор до 2029 година, со можност за продолжување до 2030.
Бразилецот пристигна во Барселона во летото 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, плус бонуси, и досега целосно ја оправда инвестицијата на каталонскиот гигант. Особено блесна по доаѓањето на Ханси Флик, под чие водство прерасна во вистинска голгетерска машина и кошмар за противничките одбрани.
Во дресот на Барселона Рафинја досега одигра 182 натпревари, постигна 83 гола и запиша 60 асистенции. Со каталонскиот клуб освои три титули во Ла Лига, еден Куп на кралот и три Суперкупа на Шпанија.