КАПИТЕНОТ НА КОСОВО ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ДОДЕКА Е АКТУЕЛНОТО РАКОВОДСТВО НА ФЕДЕРАЦИЈАТА
Објавено на: 12.09.2026
Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани, објави на соцјалните мрежи дека повеќе нема да настапува за националниот тим додека Фудбалскиот сојуз на Косово го водат актуелните челници.
Дефанзивецот на Наполи по десет години во репрезентацијата, од кои седум како капитен, донесе одлука која е резултат на незадоволството од работата на челниците на федерацијата.
Рахмани вели дека имало игнорирање на забелешките од играчите и недостиг од компетентни луѓе кои би ги решавале проблемите во националниот тим.
Особено го истакна периодот од последните две години, во кој, како што тврди, бил изложен на координирани напади од луѓе кои требало да ја штитат репрезентацијата и нејзините играчи. Одлуката ја донел за да го зачува својот интегритет, пред сè како човек.