ЗОШТО ЛЕТАШЕ ТУХЕЛ, А КЛОП И ИНЗАГИ ПРЕЖИВЕАЈА?
Објавено на: 08.09.2022
Томас Тухел експресно беше избркан од Челси, со што англиската екипа покажа дека и со новите сопственици, нема да има милост кон тренерите. По Мурињо, кој го создаде Челси ваков клуб каков што е, едноставно никој не може да се задржи подолго од или цели две сезони.

Жозе Мурињо последен седеше на клупата на Челси во три години, од 2014-та до 2007-та, кога си замина во декември на средината на третата сезона, иако бележеше невидени резултати за раководството на сините од најбогатата лондонска населба. По него:
Аврам Грант 2007-08
Сколари 2008-09
Гус Хидинк 2009
Вилас-Боас 2011-12
Роберто Ди Матео 2012
Рафаел Бенитез 2012-13
Жозе Мурињо 2013-15
Стив Холанд 2015
Гус Хидинк 2015-16
Антонио Конте 2016-18
Маурицио Сари 2018-19
Френк Лампард 2019-21
Томас Тухел 2021-22
Јурген Клоп седи на клупата на Ливерпул од 2015-та и освои една шампионска титула во Англија, односно една во ЛШ на УЕФА. Симоне Инзаги седи на клупата на Интер од 2021-та, но нанижа три порази на последните 4 средби.
This is shocking. pic.twitter.com/gAgyk0XtKI
— Anfield Football (@AnfieldFootball) September 7, 2022
И Ливерпул и Интер играат очајно, но по едно нешто се разликуваат од Челси – во Челси нема милост, нема чувство за припадност, нема традиција. Поставеноста е стиктно современа и легионерска, што не може да биде за осуда со оглед на ориентацијата, а тоа се резултатите.

Ќе преживеат ли Клоп и Инзаги, или ќе ги снајде судбината на Тухел? Колку време им давате?
