ЗОШТО ГРИН ГО ИСТЕПАЛ ПУЛ И СЕ СОЧУВА СО КАЗНА?
Објавено на: 06.10.2022
Кошаркарите на Голден Стејт имале блиска средба на еден до тренинзите пред новата НБА сезона, а подебелиот крај го извлекол помладиот член на ростерот на Вориорс.

Џордан Пул почнал да раскажува некоја шега за правење базен (pool) во неговата куќа кој ќе бил најдобар на светот и ќе се викал GOAT Jordan Poole (се чита исто како pool – што во превод значи значи базен).

Кога соиграчите се умориле од оваа шега со паралела меѓу неговото име и базенот, а Грин реагирал и му кажал да си најде друг материјал за шегување, тој му рекол дека нема да го пушти да дојде на базенот.

Тука Грин збеснал и почнал да се расфрла со боксови, мижејќи… Епилогот не ни е детално познат, но може да замислиме што се случило…