Фудбал

ЗОШТО АРТЕТА Е БР.1 ВО МОМЕНТОВ? ЕВЕ ЗОШТО

Арсенал во моментов е топ тема во Англија, иако првата позиција не му е сигурна до крајот на првенството на Островот. Главен лик во моменталниот успех е тренерот на топџиите.

Прашан дали неговите два аса, Сака и Мартинели се меѓу најдобрите во Европа, тој кратко и јасно кажа:

Не. За тоа, треба многу да се освои. Да се победува. Потоа повторно да се победува. Па потоа повторно и повторно.

Со ова, освен што ги приземјува младите фудбалери, им дава и до знаење дека сезонава се уште ништо не е завршено.