ЗНАЕВТЕ ЛИ ДЕКА ОД БИЗАРНА ПРИЧИНА И ЏОРДАН ГО НОСЕЛ ОВОЈ БРОЈ НА ДРЕСОТ?
Објавено на: 11.08.2021
Педантните статистичари пресметале дека најексплоатираниот број во историјата на американската професионална кошаркарска лига, е бројот 12. Дури 409 играчи го имале на грбот, за време на нивните НБА кариери.
Табела:
Број 12 – 409 играчи
Број 11 – 373 играчи
Број 5 – 348 играчи
Број 3 – 343 играчи
Број 20 – 340 играчи
Број 15 – 336 играчи
Има и таква листа на броеви, кои никој никогаш не сакал да ги носи на својот грб, или никој немал потреба од нив, со оглед на тоа дека броевите најчесто се поврзуваат со некакво симболично значење за играчите.
Неупотребени броеви:
58, 59, 64, 69, 74, 75, 78, 79, 80, 82, 87 и 97.

Дури и најславниот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан бил приморан еднаш да го носи бројот 12 на својот дрес, но без испечатено име на униформата.
На крајот на гостинската серија натпревари, на Св. Валентајн 1990-та година, на 14-ти февруари, неговиот дрес со број 23 бил украден од соблекувалната пред мечот кај Орландо Меџик.