Фудбал

ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈ ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА ВО ШПАНИЈА, КОГА РЕАЛ ПОСЛЕДЕН ПАТ ВО ДВЕТЕ КЛАСИКА ЈА ПОБЕДИ БАРСА?

Кралскиот клуб се радуваше и во второто соочување сезонава против лутиот ривал кој не му дава мир во новиов век, кој безмилосно газеше преку Кралскиот грб секогаш кога имаше шанса да го стори тоа. Но, на таа пракса и дојде крајот.

Бензема и Крос постигнаа голови за Реал, Мингеза намали на 2:1, што беше и конечниот резултат на вториот Ел Класико дуел во тековното првенство. Последен пат, во сезоната 2007/08 Реал славеше двапати и потоа ја освои титулата.