Фудбал

ЗЛАТАН СЕ ЛАДИ НА ПЛАНИНА, ЌЕ ДОНЕСЕ ЛИ ТОА РЕЗУЛТАТ ЗА МИЛАН?

Ибрахимовиќ се одмора пред големото дерби против неговиот Интернационале, во дресот на неговиот Милан. Само Златан може да има два негови клуба и само тој може да влијае, така како што влијае на исходот на еден натпревар, и кога игра и кога не игра.

Не се знае дали шведскиот интернационалец ќе настапи, поради хроничната повреда на ахиловата тетива, а во составот на Милан може да ги нема и Ребиќ и Томори. Сигурно нема да играат Кјаер и Бало-Туре, а кај Интер Кореа, односно под знак прашалник е Госенс.

Дали Ибрахимовиќ, по ова полнење на батериите на планина, ќе допатува на мечот на Џузепе Меаца и ќе успее да ги инспирира своите соиграчи, да се обидат да остварат позитивен резултат против вечниот ривал, со кого се во битка за врвот во Серија А?