Фудбал

ЗАСЛУЖИ ЛИ АГУЕРО СТАТУА ПРЕД ЕТИХАД?

Аргентинскиот напаѓач го постигна круцијалниот гол за победа против Квинс Парк Ренџерс во последниот меч од сезоната 2011/12, со кој Манчестер Сити ја освои титулата и практично му ја украде на Јунајтед, буквално од пред носот.

Серхио Агуеро доби статуа со која се маркира иконската прослава со вртење на дресот по постигнувањето на тој гол. Фановите не можат да го заборават тој момент. Го заслужи ли ова, еден од најзначајните ликови во новата клупска историја?

Двата гола за победата од 3:2 беа постигнати во судиското надополнување на времето, прецизни беа Џеко во 90+2 и Агуеро во 90+4, доека другите голови ги постигнаа Забалета во 39-та за 1:0, односно Сисе во 48-та и Маки во 66-та.