ЗАМИНА СЕЛЕКТОРОТ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА НЕ НАПРАВИ СВЕТСКИ И ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ
Објавено на: 01.05.2022
Беше репрезентативец на Југославија, беше селектор на Југославија, достојно го претставуваше југословенскиот фудбал на сите нивоа. Тогаш и Македонија беше дел од таа Југославија, која требаше да ги покори Европа и светот, но не и дозволија поради војната и санкциите.
Ивица Осим почина на 80-годишна возраст, оставајќи зад себе големо фудбалско наследство. Останува запишана легендата кога Дарко Панчев се обложил со селекторот дека ако влезе во игра ќе даде гол на СП, а наместо еден, постигна два против ОАЕ во Италија 90-та.

Во интервјуата по војната во Југославија, знаеше да каже дека СП во Италија било последно за старата генерација и прво за новата, која на ЕП 1992-та и на СП 1994-та требаше да го смени текот на фудбалот. Почивај во мир, голем стратегу…