Фудбал

ЧАВИ-АУТ, МАРКЕЗ-ИН?

Ништо веќе не е сигурно, па дури ни позицијата тренер за некогаш големата ѕвезда на каталонската гордост, затоа што модерниот спорт го диктираат резултатите и приходите. Во овој случај, првото некако не оди според плановите на организацијата.

Облаците на неизвесност се надвиснуваат над фудбалскиот клуб Барселона, затоа што актуелниот тренер Чави Ернандез се соочува со можност за отказ, по лошиот почеток на сезоната за каталонскиот клуб кој минатата сезона ја освои титулата во Шпанија.

Извештаите сугерираат дека Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, размислува да се раздели со поранешниот играч од средниот ред и го идентификуваше Рафаел Маркез како негов потенцијален наследник. Сето ова го лиферува Марка, па дали е за верување?