ВЕСТБРУК СЕ ПРОСТИ ОД ВАШИНГТОН И СЕ СЕЛИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС
Објавено на: 30.07.2021
Како што и се најавуваше, така и се оствари. Расел Вестбрук е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, а за возврат Вашингтон ќе ги добијат Кајл Кузма, Монтрезл Харел и Кентавиус Калдвел-Поп со 22 пик на драфтот.
Леброн и Дејвис во Вестбрук добиваат плејмејкер со кој ќе можат да им парираат првенствено на екипите на Западот, а потоа и на Бруклин Нетс кои поради повредите на Харден и Ирвинг не можеа до крај да го искажат својот потенцијал.
Вестбрук на својот Инстаграм се прости од Ваштингот.
View this post on Instagram
Ви благодарам Вашингтон. Ме пречекавте мене и моето семејство со раширени раце уште од првиот ден. Буквално секој. Од луѓето кои работат во центарот, канцелариите, тренерите и соиграчите. Премногу сум ви благодарен за соработката и поддршката. Јас сум почестен што бев дел од вашата организација, Вашингтон засекогаш ќе биде мој дом.
Можат ли Лејкерси до титулата во НБА?