Фудбал

ЛЕГЕНДАТА НА ЈУНАЈТЕД ЗАГУБИ НАДЕЖ: ОДАМ ДА ГИ ГЛЕДАМ И ОЧЕКУВАМ ДА ЗАГУБАТ

Вејн Руни, човекот со најмногу погодоци во историјата на Манчестер јунајтед, повеќе не можеше да молчи и проговори околу моменталната ситуација во која се наоѓа неговиот поранешен клуб.

Руни вели дека повеќе нема доверба во Рубен Аморим, но и дека португалскиот стратег не е единствениот виновник за слабите резултати на екипата.

„Едноставно ништо не е доволно добро во овие моменти, почнувајќи од менаџерот, стручниот штаб, играчите и сите останати инволвирани. Не можам да објаснам, ниту разберам што се случува. Не можам да приметам дека фудбалерите имаат карактер на теренот, не се борат доволно за дресот, нема желба за победа, нема квалитет… Кога и да одам на стадион да ги гледам, првата помисла ми е дека повторно ќе загубат или едвај ќе озборат нерешен резултат. Има доста играчи кои не заслужуваат да играат за овој голем клуб. Се пробав во менаџерските води и делумно го разбирам Аморим, но едноставно немам доверба дека ќе успее да ги смени нештата, бидејќи не е само до него проблемот. Искрено, се надевам дека кога-тогаш ќе дојдат подобри времиња, но ако ме прашате дали навистина верувам во тоа, би рекол дека не“, порача Руни во својот подкаст.

Црвените ѓаволи немаат врзано две лигашки победи од почетокот на 2025 година, а по победата над Челси во дербито, тимот на Аморим повторно се врати на негативните исходи како што беше изминатиов викенд на гостувањето кај Брентфорд.

Вистинските прашања се уште колку кредити има Аморим за трошење, и дали навистина би се подобрила ситуацијата доколку некој друг тренер дојде на местото на Португалецот?