Фудбал

ВОИНСТВЕНИОТ ТРЕНЕР НЕ ОСТАНА НА УЛИЦА

Џенаро Гатузо ќе седне на клупата на Фиорентина, во сезоната што претстои. Поранешниот минијатурен џин од редовите на Милан, замина од Наполи и ќе ги преземе виолетовите од Фиренца.

Железниот војник ќе води екипа која нема да игра во Европа, но има шанса да скрои тим по своја желба, на кој ќе му го пренесе она што го даваше додека играше и додека ги водеше другите екипи.

Како играч, Гатузо има освоено многу трофеи особено со Милан, а како стратег го освои Купот на Италија со Наполи.