Фудбал

ВО ГЛАВНА УЛОГА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ДРЕСОТ НА ИНТЕР, БЕШЕ ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА МИЛАН

Ривалството меѓу миланските клубови е огромно, играчи преминувале на двете страни и во минатото, некои доживеале ренесанси по смената на боите, а најновиот случај е Хакан Чалханоглу кој како слободен играч од Сан Сиро, сега ќе игра на Џузепе Меаца.

Токму турскиот интернационалец, беше главната ѕвезда на претставувањето на дресот на Интернационале, клуб што по 26 години го смени главниот спонзор Пирели.