ВИНИСИУС ДОБИ ЈАСНА ПОРАКА: МУРИЊО НЕ Е ЧАБИ АЛОНСО, ПА ДА МОЛЧИ
Објавено на: 24.09.2026
Винисиус минува низ тежок период во Реал Мадрид. Бразилецот е далеку од својата најдобра форма, а повторно се најде под критики, со свирежи од трибините на „Сантијаго Бернабеу“.
На оваа тема зборуваше поранешниот голман на Атлетико Мадрид, Естебан Суарез, кој смета дека Жозе Мурињо нема да се двоуми да го извади Винисиус од игра доколку тоа го смета за потребно.
„Мурињо нема да молчи. Можеби ќе прави грешки, но верувам дека ќе го извади Винисиус од игра ако мора“, изјави Суарез.
„Винисиус е паметен и не се жали. Знае дека противникот не му е Чави Алонсо. Знае дека Мурињо ќе го извади ако треба, а дел од навивачите тоа ќе го поздрават со аплауз. Има и такви кои сакаат Винисиус да не биде стартер“, додаде тој.
Винисиус на седум натпревари сезонава постигна само еден гол, што дополнително ги засили критиките кон бразилскиот напаѓач.