БРАЗИЛСКИТЕ ЅВЕЗДИ ТРГНАА НА „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ“: ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ПРОПАТУВААТ 35.000 КИЛОМЕТРИ
Објавено на: 24.09.2026
Бразилската фудбалска репрезентација во следните неколку дена ќе одигра три пријателски меча, на два сосема различни краеви од светот. Бразил утре ќе гостува на Австралија, а против истиот ривал ќе игра и на 29 септември. Потоа следува гостување во Индија на 3 октомври.
Интересно е дека тројцата бразилски репрезетативци кои се повикани за овие пријателски средби, а играат во шпанското првенство ќе имаат вистинско патешествие. Рафиња од Барселона и двоецот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор и Ендрик ќе направат буквално „пат околу светот“ за само неколку дена.
Откако ги завршија обврските во шпанското првенство, овие тројца фудбалери ќе пропатуваат 17.456 километри за да стигнат до Бризбејн, Австралија, каде ќе играат два пријателски дуели. Потоа го очекува патување во Калкута, Индија и тоа во должина од 8.897 километри.

По гостувањето во Индија, Рафиња, Винисиус и Ендрик ги ќека нов долг пат и тоа да се вратат во Шпанија. Таа релација е во должина од 8.574 километри.
Вкупно ако се собере целото ова патешествие, тројцата репрезентативци на бразил вкупно ќе пропатуваат 34.927 километри. Оваа километража е 87 отсто од патот околу Земјата.