Фудбал

ВИНИСИУС ОТКРИ ШТО МУ КАЖАЛ МУРИЊО НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ

Иако неговата иднина во Реал Мадрид сè уште е неизвесна, Винисиус Жуниор веќе ги одработува првите тренинзи под водство на новиот тренер Жозе Мурињо.

Бразилецот откри дека португалскиот стратег уште на самиот почеток му испратил јасна порака.

Беше одлично да го запознаам новиот тренер и новите соиграчи. Работиме напорно, а Мурињо сака да бидам тоа што отсекогаш сум бил: среќен, насмеан и да го играм мојот фудбал.

Покрај зборовите за новиот тренер, крилниот напаѓач зборуваше и за напорните подготовки.

Мора добро физички да се подготвиме за да имаме помалку повреди во текот на сезоната. Вчера имавме два тренинга, денес еден. Работевме и во теретана, а потоа имавме кратки, но интензивни вежби. Сите сме уморни, но такви се подготовките.

Во меѓувреме, оваа недела се очекува клучна средба меѓу Реал Мадрид и неговите претставници околу новиот договор.

Според шпанските медиуми, доколку не биде постигнат договор за продолжување на соработката, кралскиот клуб е подготвен да го стави Бразилецот на трансфер листата уште ова лето. Најголем интерес за неговите услуги покажува Арсенал, кој сака да го направи главно лице на својот проект.