Фудбал

ВАКВО ГОЛМАНЧИШТЕ ОДАМНА НЕ Е ВИДЕНО

Кога ќе ги импресионираш легендите како Гери Линекер и Едвин Ван Дер Сар, тогаш знаеш дека навистина вредиш, без разлика каде играш и колку години имаш. Тоа го стори голманот на Вејмут, Рајан Сендфорд (23) кој имаше 4 одбрани во низа.

Се играше последната минута од регуларниот дел на гостувањето кај Бат, скоро беше 2:1 за домашните кои имаа шанса да го запечатат резултатот. Но, така не мислеше голманот кој неколку дена претходно пристигна на заем од Милвол:

Дуелот заврши со споменатиот скор, но познајавќи го англискиот фудбал овие обрани можеше многу лесно да бидат пресвртница. Што ли сега си мислат навивачите на Чемпионшип клубот Милвол, кои имаат проблеми на сите играчки позиции?