ВАКВА ДОМИНАЦИЈА РЕТКО СЕ ГЛЕДА ВО ЕКИПНИТЕ СПОРТОВИ
Објавено на: 16.10.2022
Селекцијата на нашиот северен сосед ја одбрани титулата на светското првенство во одбојка, совладуваји ја убедливо и доминантно репрезентацијата на Бразил со 0:3 во сетови.
Титулата на мундијалот во Холандија и Полска значеше изедначување на вечната листа со Бразилките, со Русинките и со Кина, зад СССР со три и Јапонија со 5 светски титули.

Но, доминацијата со која репрезентацијата на Србија успеа да се прошета на светската смотра, е ретко видена во екипните репрезентативни спортови, каде играат најдобрите.
Само четити загубени сета, до светскиот трон вторпат по ред. Србија ги повтори успесите на Русија, Кина, Куба и Јапонија кои имаат двојно злато, а СССР има тројно злато.