ФЕЈКЕРОТ ХАРИ КЕЈН
Објавено на: 16.10.2022
Тотенхем победи со 2:0 против Евертон, но победата беше најавена во 59-та минута со голот на капитенот од пенал кој тој сам го изнуди и потоа го претвори во погодок со прецизен удар од белата точка. Хојберг само ја потврди победата со погодокот во 86-та минута.

Прашањето на мечот е дали имаше пенал? Требаше ли да му биде дозволено на Хари Кејн да се извлече со ваква глума? Нели Премиерлигата се залага за ферплеј, за еднаквост и за владеење на правото во фудбалот??? Па нели имате ВАР??????
How is this penalty?!? Kane is the biggest cheat around but gets away with it because he’s England’s captain
— Ger McNally (@GerMc31) October 15, 2022
Тој е омилениот фудбалер на Англичаните затоа што е капитен на нивната репрезентација, но тие треба да знаат дека кармата е лоша работа – по освоеното СП во 1966-та со непостоечки гол, кај нив дома, тие веќе немаат фудбалски трофеј во витрнините.