Фудбал

УШТЕ КОЛКУ ГОДИНИ БАРСА ЌЕ ГУБИ ОД РЕАЛ?

Реал ја совлада Барса во Ријад во рамките на полуфиналето во шпанскиот Суперкуп и атакува на првиот пехар сезонава, во шпанските натпреварувања.

Федерико Валверде го постави конечниот резултат 2:3 во 98-та минута, откако Реал буквално ја „искина“ одбраната на Барселона во уште една пеколна контра.

Претходно Винициус и Бензема погодуваа за водство, а Лук Де јонг и Фати изедначуваа во првото полувреме и за продолженијата. Ова е шанса за 12-ти Суперкуп за Реал, Барса е рекордер со 13.

Во финалето, мадриѓаните ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Билбао, кој се игра утре.