Фудбал

УШТЕ КОЛКУ ГИ ИМА КАКО ПАПУ ГОМЕЗ?

Ај што им „местеа“ пенали, ај што противниците добиваа црвени и беа лимитирани во можностите, ај што се мирисаше на најдиригираното СП на сите времиња, па сега уште и допинг скандал.

Папу Гомез не играше цело време, но играше на два натпревара.

Кој ќе процени дека, ако тој биде виновен за допинг во периодот по мундијалот, не влијаел на играта на селекцијата и не придонел баш со тие едн-два потега или натпревара на конечниот исход?

Тешко е да се изрежира финале како она со Франција и со неповтопрливиот Мбапе, но лесно е да се турка една репрезентација кога зад неа стои цела машинерија.

А, тестиран е некој друг или не? Да знаеме дали земале случајно сируп наменет за децата, несакајќи…