Кошарка

ТРОЈКАТА НА МИЦИЌ СО ЗВУКОТ НА СИРЕНАТА (ВИДЕО)

Василије Мициќ уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на Европскиот континент, а денес во неговиот Белград со звук во последната секунда ја стиши Старк арената преполна со фанови на Олимпијакос.

Анадолу Ефес славеше со 77-74, а иако имаа продолженија „во џеб“, српскиот плејмејкер отиде „ол-ин“ и ги однесе Турците во ново финале.