ТРЕБАШЕ ЛИ СИТИ ДА ДОБИЕ ДВА ЦРВЕНИ?
Објавено на: 09.05.2023
Манчестер Сити губи во Мадрид на Сантијаго Бернабеу со голот на Винициус во првото полувреме, во рамките на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите. Но, загрижувачки момент е критериумот на судијата.
Португалскиот арбитар Соарес Диас досуди жолт картон за Крос поради фаул за прекин на напад во последните моменти од првото полувреме, но го поштеди Грилиш кој откако беше оттурнат од Карвахал, замавна и за влакно не го удри противникот во лицето.

Имаше уште еден груб старт во првото полувреме кој помина неказнет, а беше директно на листот на Камавинга од Бернардо, со отворен ѓон. Има ли фаворизирана улога тимот на Гвардиола?
