Фудбал

ТРЕБА ЛИ БАЕРН ДА ГО ЗАДРЖИ ЛЕВАНДОВСКИ?

Полскиот напаѓач прерасна во икона на Баерн со 30-40 гола секоја сезона, од доаѓањето од Борусија Дортмунд во 2014-та. Следното лето му истекува договорот, а Баварците се пред прашањето дали да го продадат сега или евентуално да го загубат бесплатно?

Наводно, Барселона е животно заинтересирана да го ангажира, Левандовски не бил задоволен од сезоната што поминала, бил лут затоа што минхенскиот клуб го бркал Ерлинг Халанд како негова замена и слично. Треба ли Баерн да го задржи Левандовски?