Фудбал

ТОТЕНХЕМ СЕ ПРЕМИСЛИ, НЕМА ДА ГО КУПИ ИКАРДИ

Тотенхем се откажа од идејата да го доведе поранешниот напаѓач на Интер, ПСЖ и Галатасарај, Мауро Икарди, кој во моментов е слободен агент.

Еден од клучните фактори беше тоа што Тотенхем нема да може да го регистрира Аргентинецот за натпреварите од Премиер лигата до јануари, бидејќи клубот веќе достави конечен список од 25 играчи.

Најверојатната дестинација за кариерата на Икарди е италијанската Серија А. Најзаинтересиран за него е Лацио.