ДВА КЛУБА ОД СЕРИЈА А МУ НУДЕЛЕ НА ТОТИ ДА ИГРА ЗА НИВ КОГА ИМАЛ 48 ГОДИНИ
Објавено на: 22.09.2026
Легендата на Рома и Италија, Франческо Тоти, преклани кога бил 48-годишен, цели седум години по пензионирањето, имал две понуди за враќање во професионалниот фудбал, едната од Џенова, другата од Комо.
Тоти ја помина целата своја кариера во Рома, одигра 786 натпревари за Волчицата. Тој ги одбил понудите, но прво добро размислил.
Мојата глава ми кажуваше дека можам да прифатам, но срцето ми рече не. На крајот, секогаш доаѓав до истиот заклучок, поставувајќи си едно прашање: Можам ли да играм за тим што не е Рома? Имав 48 години, но возраста некако може да се надмине. Стануваш побавен, но стапалото не старее, не му е потребен ботокс. Рома беше клучот. Спортското предавство нема старосна граница, без разлика дали имате 18 или 48 години, заклучи Тоти.