ЗА ТОРИНО ДА ГО ОТКУПИ МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАМАНТ, ПРВО МОРА ДА ГО ПРОДАДЕ СРПСКИОТ ИГРАЧ ЗА ВРСКА
Објавено на: 05.03.2025
Одлично му легна позајмицата во Торино на Елиф Елмас. По само три настапи македонскиот дијамант забележа два погодоци, што само потврдува дека многу повеќе му одговара италијанскиот фудбал отколку германскиот.
Управата е презадоволна од нашиот репрезентативец и веќе се отпочнати преговори да се откупи неговиот договор од Лајпциг, тврдат повеќе италијански медиуми.
Биковите планираат да ја активираат опцијата за откуп на Елмас за сума од 17 милиони евра, но прво мора да обезбедат средства, а до нив ќе стигнат така што ќе се ослободат од српскиот репрезентативец, Иван Илиќ. Играчот за врска на лето ќе биде ставен на продажба, па парите заработени од Илиќ ќе се пренаменат токму за нашиот Елмас.