ТОПКИТЕ НА СВЕТСКОТО ЌЕ СЕ ПОЛНАТ КАКО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Објавено на: 24.05.2026
Топките на Светско првенство 2026 нема да се полнат само со воздух туку и со електрична енергија.
Новата Адидас топка за Мундијалот носи технологија што целосно го менува начинот на следење на натпреварите. Освен подобрената стабилност, попрецизната траекторија и модерниот дизајн, најинтересниот детал се крие во внатрешноста на топката.
Во неа е вграден минијатурен сензор тежок само 14 грама, кој во секунда собира дури 500 податоци за движењето на топката, брзината, насоката и контактите со играчите.
Токму поради тој систем, секоја топка пред натпревар ќе мора да биде наполнета не само со воздух, туку и со електрична енергија.
The balls at this year’s World Cup need to be charged before each match and feature special sensors that collect spatial positioning data in real-time. pic.twitter.com/Sr41FpinxQ
— Joe Pompliano (@JoePompliano) May 21, 2026
Сензорот е поврзан со десетици уреди поставени низ стадионите и овозможува создавање детална 3Д слика од секој натпревар. Технологијата ќе има важна улога и во ВАР системот, особено при проверките за офсајд и спорни ситуации.
Батеријата на сензорот трае околу шест часа, што е повеќе од доволно за еден меч, но организаторите ќе мора внимателно да проверуваат дали секоја топка е „наполнета“ пред да излезе на терен.
Фудбалот така влегува во нова ера каде што и топките ќе имаат своја батерија, речиси како мобилен телефон.