ТОНИ НА РАДАРОТ НА МАНЧЕСТЕ РЈУНАЈТЕД
Објавено на: 13.02.2023
Екипата од Олд Трафорд е заинтересирана за услугите на напаѓачот кој настапува за Брентфорд, особено по неговиот одличен настап и двата гола против Сити во победата од 1:2, на крајот на минатата година.
Расниот голгетер е во врвна форма и сериозно се наметнува во Премиерлигата, но и чука на вратата на англиската репрезентација, каде се чини дека во прашање е само време кога ќе ја добие вистинската шанса.

Јунајтед е во потрага по врвен напаѓач и по се изгледа дека на лето нема да бара играчи надвор од границите на Англија, туку ќе се сврти кон домашен продукт. Би била ли ова добра комбинација?