ТОЛКУ БЕШЕ ОД ВЕРНОСТА, САЛАХ ЗАМИНУВА?
Објавено на: 27.02.2023
Египетскиот интернационалец сериозно рамзислува да ги нашушти редовите на Ливерпул, по очајните партии на една од двете најтрофејни англиски екипи. Сезонава, црвените од Енфилд не можат да врзат две победи или пак да се вмешаат во битката за трофеите.

Последен дебакл што го доживеа Ливерпул, беше поразот од 2:5 на својот стадион, од Реал Мадрид. Најтрофејната европска екипа и одржа буквално лекција од прво одделение, на екипата на Јурген Клоп, кој и самиот нема објансување за ваквата форма на тимот.

Според шпекулациите, што не е првпат, Салах би заминал ако Ливерпул не се пласира на позиција која од Премиерлигата води во Лигата на шампионите. Мохамед игра во Ливерпул од 2017-та година, а поретходно играше за Рома, Фиорентина, Челси, Базел и Ал Мокавлон.