ТИПУВАМЕ

ТИКЕТ НА КОЛОТО ЗА ДОБИВКА ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ

Подготвив нов тикет пред претстојното коло со кој се надевам дека конечно ќе го скршам малерот што не следи речиси два месеци без добитен тикет.

Следуваат шест пара за утре и задутре, а мој совет е да го уплатите тикетот утре од 9 до 11 часот во било која обложувалница на Златна Копачка бидејќи тогаш имаат 10% бонус нa добивката.

Еве што предвидувам:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД vs БРАЈТОН: 1+ 1+

Манчестер Јунајтед без тренер, а Брајтон повторно гостува во Манчестер, овој пат осоколен против црвениот тим од градот откако извадија бод кај Сити. Верувам дека ќе има еден гол во прво и еден во второ, односно дека Јунајтед кој прима голови и Брајтон кој игра секогаш на гол повеќе ќе биде добитна комбинација.

ЛИВЕРПУЛ vs БАРНСЛИ: 1-1

Без калкулации, бидејќи секаков друг исход ќе биде навистина брука голема на Енфилд. 1-1, коефициентот е супер, а за похрабрите и 2+ можеби на крај.



ИНТЕР
vs НАПОЛИ: ГГ

Наполи ќе мора на се или ништо против Интер, бидејќи доколку загуби тогаш нероаѕурите ќе им избегаат 7 бода на табелата. А Интер игра секогаш добро против екипи кои не се бранат грчевито, дополнително што имаат шест победи по ред во италијанското првенство. Затоа мојот тип е ГГ за дербито на колото во Италија.

ФИОРЕНТИНА vs МИЛАН: 3+

Домаќините се чини дека излегоа од резултатската агонија, освојувајќи четири бода на последните два натпревари, а сега им доаѓа Милан на гости, кој сигурно нема да се брани на Артемио Франки. Домаќините верувам дека ќе постигнат барем еден гол, а гостите доколку домаќините постигнат еден гол, ќе мора да одат на два.

РОМА vs САСУОЛО: 1

Рома фати константа во дуелите со помалите екипи, а викендов на гости им доаѓаат Сасуоло кој претходното коло загуби од Јувентус. Очекувам домаќините да слават на овој дуел, со оглед на фактот што сите екипи пред нив играат речиси дерби дуели или меѓусебни дуели, па ова ќе биде супер прилика да напредуваат на табелата и да се приближат уште повеќе до водечките екипи.

БАРСЕЛОНА vs РЕАЛ МАДРИД: 1-3 во прво и 1-3 во второ

Нема зошто да не очекувам голови на Ел Класико во недела, но за да зголемиме коефициент ќе ставам горна граница од максимум 3 гола по полувреме. Коефициентот е висок во Златна Копачка за оваа игра и не примами.

Кодот за брза уплата е 560505, а првиот натпревар започнува во сабота од 16:00ч.