Кошарка

ДОКТОР МИЛОШ СО НОВА НЕРЕАЛНА АСИСТЕНЦИЈА (ВИДЕО)

Црвена звезда му се реваншираше на Милано за поразот во Белград пред неколку месеци, со триумф од 76:62 на гостувањето во Италија, а потегот на мечот го имаше искусниот плејмејкер, Милош Теодосиќ. Српскиот кошаркар беше исвиркуван во текот на целиот меч бидејќи претходно ги бранеше боите на Виртус Болоња, ривалот на популарните Манекени, но со еден потег кошаркарскиот виртуоз ја замолкна целата сала.

Асистенцијата до Давидовац беше инстинктивна, Теодосиќ без гледање ја поремети целата одбрана на домаќините откако го забележа неговиот соиграч осамен на работ на теренот.