Фудбал

ТЕН ХАГ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА СИТЕ ПРОБЛЕМИ?

Холандскиот стратег беше дочекан со скепса во Манчестер, особено по двата пораза на стартот. Но, како што одминува сезоната, холандскиот стручњак покажува зошто дојде на Олд Трафорд. Во 6-то коло во Премиерлигата, го скина и вториот голем скалп.

Ако победата против Ливерпул беше триумф против ослабен и психолошки оптоварен противник, оваа против Арсенал беше евидентна илустрација на фудбалско мајсторство од страна на Црвените ѓаволи, диригирани од бескомпромисниот Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот го претумба составот, купи играч кој не вреди ни половина од парите инвестирани за него, ги седна на клупа големите ѕвезди, воведе ред и дисциплина во соблекувалната, под негово раководство Манчестер Јунајтед повторно игра.

Младите сили го водат Јунајтед, Антони оправда еден од 100-те милиони потрошени да дојде на „Театарот на сништата“. Роналдо, Касемиро и Мегвајер добиваат шанса, но и ја греат клупата, се ослободи од Погба за да отвори простор за оние што вистински сакаат да трчаат.

Дали овој стратег е најдобриот потег што управата на најтрофејната премиерлигашка екипа го направи последната деценија, можеби и повеќе? Паднаа Ливерпул и Арсенал, кој е следниот на списокот – можеби и шампионот Манчестер Сити (02.10.2022)?