Фудбал

НЕМА КРИЕЊЕ OД ИНТЕРНЕТОТ – ЖЕНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ НА ШВАЈЦАРИЈА ПРЕТРПЕ ДЕБАКЛ ОД У15 ТИМОТ НА ЛУЦЕРН

Европското фудбалско првенство за жени почнува на почетокот од следниот месец, поточно на 2 јули, па репрезентациите кои обезбедија учество максимално се подготвуваат за континенталниот турнир. Меѓу учесниците е и селекцијата на Швајцарија, но нивните подготовки не се одвиваат според планираното.

Имено, дека од интернетот ништо не може да се сокрие потврдува фактот што се откри резултатот на приватниот натпревар меѓу Швајцарките и У15 младинскиот тим на Луцерн.

Децата на Луцерн триумфирале со огромни 7-1 против женскиот сениорски национален тим на Швајцарија, за кој настапува и популарната Алиша Леман, ѕвездата на Јувентус. Дури и федерацијата не успеала да го сокрие резултатот со цел да не се навлечат негативни реакции од страна на јавноста, но некој очигледно имал други планови.

Инаку, ова не е прв ваков случај за женски национален тим да трпи тешки порази од младински селекции. Слични дебакли трпеле и Австралијанките од У15 тимот на Њукасл џетс, иако Австралија е петта фудбалска сила во женскиот свет.