ИГРАЈ ЗА ТРОТИНЕТ НА СВЕТСКО
Објавено на: 09.06.2026
Ова лето, Светското првенство ја носи фудбалската еурофија и носи можност за нов вреден подарок! Твојот тикет во Златна Копачка може да ти донесе електричен тротинет, без разлика дали е добитен или недобитен.
Во четири однапред дефинирани фази, го бараме најдобриот тикет кој ќе има најмногу поени.
КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПОЕНИТЕ?
Многу едноставно:
- Доколку тикетот е недобитен, бројот на погодени парови го минусираме со бројот на промашени парови. Пример: 20 пара на тикет, од кои 15 се погодени, 5 се промашени. Тој тикет освојува 10 поени.
- Доколку тикетот е добитен, не само што не се минусираат промашени парови, туку ги множиме со 3. Пример: 10 пара на добитен тикет = 30 поени.
Тикетот со најмногу погодени пара освојува електричен тротинет.
ФАЗИ
- Прва фаза: 06. – 17.06.2026
- Втора фаза: 06. – 23.06.2026
- Трета фаза: 06. – 27.06.2026
- Четврта фаза: 06. – 03.07.2026
ПРАВИЛА
- Минимална уплата на тикет: 60 денари
- Минимален коефициент по пар да биде еднаков или поголем од 1.20
- Тикетот мора да биде уплатен со приложување на Bet&Get профилот, односно да е изигран „на картичка“.
- На тикетот мора да има барем 1 пар од Светското првенство.
- Влегуваат само тикети со 1 комбинација
- За секоја фаза, тикетот мора да биде уплатен во времетраењето на фазата.
- Во игра влегуваат и парови од ЕКСТРА ТИП
- Во игра влегуваат и парови од специјалната понуда
- Може да се врзуваат парови низ повеќе денови
- Одложените или прекинати натпревари не се сметаат како погодени парови
- Доколку имаме ист број на поени помеѓу двајца играчи, победник е оној кој има добитен тикет
- Доколку имаме ист број на поени помеѓу двајца играчи со добитен тикет, победник е оној кој има поголем коефициент на тикет.
- Доколку и во тој случај е изнедначено, односно имаат ист број на бодови и ист број на коефициент, во тој случај победник е оној кој порано го уплатил тикетот.
- Доколку првото место го делат двајца играчи со недобитни тикети, а ист број на поени, во тој случај победник е оној со поголем број на парови на тикет.
- Доколку првото место го делат двајца играчи со недобитни тикети, но со ист број на поени, ист број на погодени парови, тогаш победник е оној кој има поголем коефициент на погодени парови.
- Во случај и во таква ситуација како во точката погоре ситуацијата да биде изнедначена, победник е оној кој го уплатил тикетот прв.
- Победник на една фаза, нема право на подарок во следните фази.
ОБРАБОТКА
Тикетите мора да бидат уплатени во времетраењето на фазата. Обработката на тикетите по фаза ќе трае до наредниот ден по крајниот ден од фазата, до 10:00 часот. Секој тикет кој нема да има обработка по овој краен рок, не влегува во комбинација за игра.
Појаснување по фази:
Во игра влегуваат сите тикети заклучно со временските рамки од погоре.
Првата фаза од 11.06 до 17.06.2026 и само тикети уплатени во тој период и обработени заклучно со 10:00ч на 18.06.2026.
Втора фаза од 18.06 до 23.06.2026 и само тикети уплатени во тој период и обработени заклучно со 10:00ч на 24.06.2026.
Третата фаза од 24.06 до 27.06.2026 и само тикети уплатени во тој период и обработени заклучно со 10:00ч на 28.06.2026.
Четвртата фаза од 28.06 до 03.07.2026 и само тикети уплатени во тој период и обработени заклучно со 10:00ч на 04.07.2026
Четирите фази се засебни помеѓу себе и тикети не може да се комбинираат меѓу фази.
ОГРАНИЧУВАЊА
Еден играч може да одигра колку сака тикети, но во игра му влегуваат само првите 5 уплатени тикети. Сите останати не му влегуваат во игра.
ОСТАНАТО
Златна Копачка го задржува правото за измена и дополнување на правилата со цел пофер натпревар помеѓу играчите како и допрецизирање на трошоците околу патувањето.